Регион

Затворена балканската рута за бегалците.Турција се договори со ЕУ – ќе ги прими назат сите бегалци од Грција.

Договорот од пред два дена на земјите членки на Европа и Турција на самитот на ЕУ од денес стапува на сила. Балканската рута од денес е и официјално затворена.Турција прифатила да ги прими сите бегалци назат но за возврат ќе добие и 6 милијади долари паралелно со ова официјално Турција побарала и безвизен режим како и напредок во преговорите за членство во ЕУ.И договорот ќе важи еден на еден доколку европа не испони дел од ветеното договорот пропаѓа.Портпарол за политиката кон бегалците Јоргос Кирицис вчера изјавија дека од денес не ќе можат веднаш сите бегалци кои се пред македонската граница да ги вратат назат,ќе им треба повеќе време како и ресурски.Европа им вети околу 2 ипол илјади безбедносни и правни експерти за азил и околу илјада полицајци кои ќе им помагаат за справување со транспортот на бегалците од Едумени кон Турција.Засега не се знае како и на кој начин ќе бидат тѕранспортирани, но дотогаш кампот пред македонската граница останува со 10 ипол илјади бегалци.

Додека пак на територијата на Грција во моментов има над 60 илјади бегалци.

На винојуг има само неколку мигранти кои веќе во наредните денови ке треба да се вратат назат во Едумени.Таму покрај неколкуте лица кои се веќе неколку дена вклучително и оние кои се спасија од водите на Сува Река од вчера се и двајца бегалци кои пристигнаа од Табановце.На јужната граница и денс е видлив зголемениот број на безбедносни сили.Покрај македонските во земјава се сеуште и странските полицајци.

Препорачуваме:

„КОСТЕНИЈАДА 2023“ кај Смоларскиот водопад на 21 октомври (сабота)

Ѓ. K.

Сеидбата на житото ќе доцни два месеца

Сузана Мицева

ОПШТИНСКА ПОМОШ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ ВО РАДОВИШ

Ване Трајков