Спорт

Учениците од Видое Подгорец утре играат за титулата државен првак!

На државното првенство во кошарка за основни училишта што се одржува овие денови во Скопје, екипата на ООУ ,, Видое Подгорец,,  од Струмица се пласираше во финалето и ќе игра за државен првак на Македонија.  Тимот на Горан Иванчев во големото финале  и за освојување на првото место ќе играат со екипата на ООУ ,,Лазо Ангеловски,, од Скопје. До финалето младите кошаркари од струмичкото основно училиште стасаа откако убедливо славеа победи против екипите на училиштата ,, Јосип Броз Тито,, од Струга и ,,Димо Хаџи Димов ,, од Скопје.

Најзаслужни за победите на ,,Видео Подгорец,,  беа Миле Георгиев, Никола Мицев и Ристо Бунгурџиев. Георгиев во првиот натпревар уфрли дури 8 тројки што е рекорд за вакво натпреварување, но за жал заради повред на коленото тој во големото финале неможе да игра. Горан Иванчев смета дека овој училишен состав на ,,Видое Подгорец,, има одлични шанси да го освои првото место со оглед дека противникот ,,Лазо Ангеловски,, не е тим што не може да се совлада

Препорачуваме:

Женскиот фудбал има огромен потенцијал-интервју во емисијата Вис спорт

Сузана Мицева

Меморијален турнир во пинг-понг „Киро Велков“

Сузана Мицева

Турнирот во мал фудбал во Василево влегува во завршница, кој со кој за полуфинале !

Ване Трајков