Регион

Нема заразни болести во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија

Гевгелискиот транзитен центар Винојуг нема опасност од заразни болести. Во центарот има едвај педесетина луѓе и условите се задоволителни, велат од Јавната здравствена установа Гевгелија. Тие денска извршија редовен увид, констатирајќи дека објектите кои се со капацитет до 2 илјади луѓе, се чисти и добро затоплени.

Раководителот на Центарот за управување со кризи во Гевгелија, Зоран Лазаревски, вели дека просторот и објектите во центарот реовно се дезинфицираат, а во зависност од потребите и фреквенцијата во Винојуг, тоа може да биде од двапати дневно до еднаш во неделата.

Вчера во транзитниот центар Табановце се регистрирани шест случаи на шуга и два случаи на варичела. Лицата кои се заболени од шуга се на возраст од 14 до 34 години, а заразено е и едно едногодишно дете. Двата случаи на варичела се регистрирани кај деца од 5 и 8 години. Сите заразени се под соодветна терапија, а лицата со кои претходно биле во контакт се изолирани. Во моментов, во табановце има повеќе од илјада бегалци и мигранти, а санитарните услови не се задоволителни.

Катастрофална е ситуацијата и со кампот во Идомени, кој е на неколку стотини метри оддалеченост од гевгелискиот Винојуг. Во шаторите долж граничната линија, на грчката страна повеќе од три недели кампуваат околу 15 илјади луѓе. Недостатокот на хигиенски услови, а особено на техничка вода за миење, станува опсаност за појава на многу заразни болести. Последните информации од таму се дека се појавила заразна жолтица.

[wpdevart_youtube]9Jq44-FQVZ8[/wpdevart_youtube]

Препорачуваме:

Дури 47 малолетнички минатата година излегле од дома со цел остварување на брачна заедница

Ќе се намали ли аерозагадувањето по гасифицикацијата на голем број стопански субјекти во Струмица?

Маж загина на патот Дабиље – Петралинци