Регион

Струмица и понатаму на врвот, со најмногу заболени од грип

Струмица останува на врвот во земјава со најголем број регистрирани лица заболени од сезонскиот грип. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица (n=166), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива ПЕ Дебар (I=209,0/100.000 жители) со 58 пријавени случаи.Од почетокот на сезоната 2019/2020, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се вкупно 106 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот, од кои 6 (5,7%) се позитивни на присуство на вирусот на инфлуенца:Influenza A/H1pdm – 3 Influenza A/H3 – 1 Influenza А несубтипизиран – 2
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона е зголемен за 54,2%,
Во однос на дистрибуцијата на случаите по возрасни групи, кумулативно најголем број се пријавени во возрасната група од 15-64 години
За сезоната 2019/2020, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 28.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 20.800 дози вакцина се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население и истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест.

Препорачуваме:

АГРО САЕМ- СТРУМИЦА 2019 ќе се одржи во август во Струмица

Каква е имотната состојба на градоначалниците од Југоистокот !?

Босилово и Про Кредит банка во заедничка акција за почиста животна средина.

Ване Трајков