Регион

Некои граѓани веќе наседнале: Измамник бара пари за да враќа стари пензии

Десетици граѓани веќе се измамени од измамник кој лажно претставувајќи се дека е од ПИОМ им земале по околу 2.000 денари за наводно да им врати пари кои не им биле испплатени како пензии на нивни блиски кои веќе се починати. Граѓани објавија на социјалните мрежи а пријавиле и во полиција. Според сведочењата на една скопјанка, измамникот прво и се јавил на телефон и рекол дека починатиот татко не земал уште 397.000 денари од пензии од ПИОМ. Побарал фотокопија од извод на родени и трансакциска сметка плус 1.870 денари да се испратат по автобус во Гевгелија заедно со 100 денари на возачот на автобусот

Имено јавувачот се претставил со цело име и презиме и рекол дека е теренски вработен во ПИОМ. рекол дека ако не се пратат парите веднаш ќе треба да се чека уште еднаш година. Сепак скопјанката која го објави случајот не наседнала. И било чудно да и се јавува некој од Гевгелија и да бара пари веднаш и тоа по автобус.

Сепак имало и други лица кои го добиле истиот повик и тоа од истото лице. За ова биле известени и во ПИОМ и во полиција. дел од граѓаните пратиле пари затоа што им било ветувано дека ќе им се средат документите.

Кој ги има броевите на граѓаните и како им ги зане имињата? Кој е измамникот ќе треба да реагира полицијата. Според информации на оштетените тој е поранешен вработен во ПИОМ но работел само како обезбедување, но овие тврдења не се потврдени. Според други тој сега вози за компанијата превозник по која бара да се пратат парите. 

Препорачуваме:

Приоведен жител на Богданци за криумчарење мигранти

Ване Трајков

Кинеските вакцини ќе слетаат во недела

Стојне Митева

ССМ: Работодавачите од приватниот и јавниот сектор да исплатат K15

Ване Трајков