Регион

На денешен ден бил роден основоположникот на првиот македонски театар Војдан Чернодрински

Војдан Поп Георгиев – Чернодрински (Селци, Малесија, 15 јануари 1875 – Софија, 8 јануари 1951) — истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Псевдонимот Чернодрински потекнува од реката Црн Дрим која тече крај неговото родно село.

Војдан не служел многу долго како учител во Македонија. Тој работел како учител во Македонија само една година, учебната 1897- 1898 година. Потоа тој се вратил пак во Софија, каде со тешки маки и подолги перипетии успеал да ја одржи првата негова драма на македонски јазик- „Македонска крвава свадба“. Драмата забележала голем успех и се одржале неколку репризи во Софија. По Софија, драмата се одиграла и во Пловдив. Тоа го мотивирало Војдан да се залага за формирање на македонски театар.

Војдан Поп Георгиев е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик. Тој бил доста коректен кон македонскиот јазик и еден од основните критериуми за членство на актери во неговата драмска група било солидно познавање на македонскиот јазик. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на македонците и борбата за слобода. Тој со своите текстови го бодрел и храбрел македонскиот народ. Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската, така и од странската јавност.

Препорачуваме:

Државата со закон ќе ги ограничи цените на приватните болници за лекување ковид-пациенти

Стојне Митева

Стоилков и Андонов во втор круг за градоначалник во Ново Село

Сузана Мицева

Двата контролни теста на четворицата заболени од Радовиш се негативни

Стојне Митева