Регион

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

Собранието на предлог на Министерството за труд и социјална политика ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Во соопштението на Владата се вели:

Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари.
Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа Владата за две и пол години е 12.000. Како за споредба, претходната власт за вкупно 11 години владеење успеа да реши само 4.000 стечајни работници.
Со неколкуте измени коишто претходно беа направени на предлог на Министерството за труд и социјална политика како Влада покажавме дека имаме слух за работниците коишто со години беа оставени без никакви приходи и без работа како последица на транзицијата.
Приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против сиромаштијата и подобрување на условите за живот на секој поединец во државата. Како Влада којашто работи одговорно продолжуваме да се грижиме и да работиме на подобрување на финансиската состојба на најранливите граѓани“ стои во соопштението.

Препорачуваме:

За најдобра истражувачка сторија од регионот , новинарката Сузана Мицева со награда од ЗНМ

МОН и матурантите најдоа компромис

Стојне Митева

Една фирма од Струмица се најде на списокот фирми што зеле државна помош а не дале плата

Сузана Мицева