Спорт

Македонија Макс го почнува походот за КУП титулата !

Девоките на ,,Македонија Макс,, во четврток (17.03) со почеток во 18 часот го почнуваат походот за освојување на Куп титулата. Противник во полуфиналето од ова натпреварување е екипата на Јанта волеј од Скопје. Дуелот ќе започне со почеток во 18 часот во салата на ООУ,, Видое Подгорец,, во Струмица.  Струмичанки во годинашниве меѓусебни дуели со Јанта немаат забележано победа но гостинките од Скопје не се преголем залак. Македонија Макс е во налет ако се има во предвид последните убедливи првенствени победи. Токму избраничките на Зоран Јанков ја имат предноста од домашен терен за два добиени натпревари. Со победа струмичанки ќе направат исчекор кон големото финале од Купот. Расположение за победа има и во  таборот на Македонија Макс но сигурно е потреба и подршка од публиката за да падне Јанта волеј во салата во Подгорец

Препорачуваме:

Наковски волеј во гости го шокираше Универзитет Тетово – Славеше победа и се на чекор до КУП финале

Ване Трајков

Во Турново Пандевци го пречекуваат скопски Вардар против кој немаат победа

Ване Трајков

Видео – Како изгледа патеката на која ќе се вози автослалом трка во недела во Струмица