Регион

Уапсен шверцер од Муртино – превезувал деветмина мигранти

На 11.12.2019 околу 19.30 часот на локалeн пат за с.Габрово, струмичко, кај место викано Габровски водопад и на регионалниот пат Струмица-Банско, кај с.Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Т.П.(20) од с.Муртино, кој управувал патничко возило „крајслер војаџер“, со струмички регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица – мигранти од Сирија и З.А.(22) од с.Банско, кој управувал патничко возило „бмв Х5“, со струмички регистарски ознаки.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени и С.Ѓ.(25), од с.Муртино, Е.М.(30) од с.Банско и Д.М.(25) од с.Банско. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Субвенции за пчелари со презимени 10 пчелни семејства

Одржани повеќе активности по повод патрониот празник на ООУ „Борис Трајковски“ – Моноспитово

Ѓ. K.

52 социјални станови се во изградба во Гевгелија