Регион

Потребен е нов модел на финансирање на стручното образование и обука

За квалитетно стручно образование и обука потребни се добри финансиски средства и добра опременост на училиштата, но и финансирање на стопанстовото, затоа што и стопанството има потреба од современи и квалитетно обучени кадри, истакна заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, на денешната конференција „Финансирање на пазарно-ориентирано и квалитетно стручно образование и обука во Северна Македонија” во Скопје.

Конференцијата е во организација на Министерството за образование и наука, Амбасадата на Швајцарија и проектот „Образование за вработување во Северна Македонија”, а е посветена на изнаоѓање нов модел на одржливо финансирање на стручното образование и обука во земјава.

Заменик министерката истакна дека средствата што училиштата ги добиваат од државата преку Министерството за образование и преку локални самоуправи не се доволни, бидејќи стручното образование и обука за квалитетно стручно образование се потребни добри финансиски средства, добра опременост на училиштата, и додаде дека оваа работна група што ја организираат со Швајцарската амбасада денеска, ќе помогнат да ги усогласат нивните искуства кои се високо развиени во европските држави, и да бидат применливи во земјава.

-Последниве две години интензивно се спроведуваат реформи во стручното образование и обука, веќе се воведени во четиригодишното образование, а претходно во двегодишното и тригодишното образование се воведени нови наставни планови и програми со модуларен пристап, учење преку работа, модел на стручно образование, каде учениците директно преку процесот на работа во компании ќе стекнуваат знаења и вештини, рече Наумовска.

Таа информира дека во фаза е и воведување на дуалното образование, каде учениците, како што додаде, уште повеќе активно ќе можат да стекнуваат знаења и вештини, и појасни дека веќе има дваесетина такви училишта струки и профили во кои се имплементира дуално образование и директна поврзаност со компаниите.

-Во фаза е и формирање на регионални центри за образование и обука, како пилот прво во три училишта, односно во три региони низ земјава и сето тоа бара дополнително поврзување на Министерството за образование, училиштата и компаниите, односно стопанството, рече Наумовска.

Заменик амбасадорот на Швајцарија во земјава, Стефан Томаџан, на денешната Конференција истакна дека еден од факторите за особено силна економија и ниската стапка на невработеност во Швајцарија, е токму квалитетниот образовен систем и системот на стручно образование и обука.

-Еден уникат елемент во овој поглед во Швајцарија е токму силниот ангажман на приватниот сектор во однос на системот на стручно образование и обука. На тој начин се осигуруваат вештините кои учениците ги стекнуваат во училиштето да бидат соодветни на вештините кои што се бараат на пазарот на труд и од страна на работодавачите, истакна Томаџан.

Според него, ангажманот на приватниот сектор се согледува во сите сегменти од системот, а посебно и во управување и финансирање на образованието.

– Пред две години почнавме програма во Северна Македонија што се протега во период од десет години, и која што ќе се однесува на реформи во системот на стручно образование и обука, и навистина сме задоволни од тоа што гледаме дека веќе започнува да се воведува и реализира, истакна Томаџан.

Препорачуваме:

За само една недела 1.247 лица се заразиле по втор пат

Стојне Митева

Уапсени двајца струмичани, насилно влегле и го претепале и ограбиле домаќинот

Ivana Vangelova

Промовирана книгата „Опеана Струмица“ од Иван Котев

Dimitar Micev