Регион

Дождот предизвика штета на дел од посевите засадени со пролетна зелка

Иако дождот во струмичко не беше толку интензивен да доведе до поплави какви што беа пред речиси три години, сепак дел од земјоделските површини повторно настрадаа. На удар се дел од посевите засадени со пролетна зелка. Некои земјоделци од струмичко Сарај стравуваат дека нема да ги имаат потребните количини и квалитет, бидејки за неполн месец треба да ги берат и првите количини на зелка.

Струмичките земјоделци се загрижени за да не дојде до нови врнежи од дожд, бидејки како што велат расадот може и целосно да се уништи. Според нив, трошоците за производство во тој случај никако нема да можат да ги покријат.

Инаку дел од земјоделците од Пиперево и Банско веќе ги набраа првите количини на пролетна зелка под пластеници.

Препорачуваме:

Видео: Разбиена криминална група што шверцувала мигранти

Најдено решение за државната помош, околу 10.000 лица идниот месец ќе ги добијат ветените 6.000 денари

Стојне Митева

Се зголемува бројот на пациенти со КОВИД-19 во болниците