Македонија

Утре, протест на судската администрација и во Струмица: Освен за судиите, да се најдат пари и за службениците

Вработените во судската администрација утре ќе протестираат два часа пред зградите на судовите низ државата. Во известувањето до медиумите, од УПОЗ испорачуваат повеќе барања:

 

  • Апелираме до Судскиот буџетски совет да ја прекине праксата на дискриминирачкиот и игнорантскиот однос спрема судската служба со донесување на одлуки според кои пари за судиите секогаш има а за судската служба нема;
  • Да прекине со создавање на раздор, незадоволство и револт со ваквите одлуки меѓу вработените;
  • Да покаже искрени намери во градење на ефикасно судство како стратешка определба на Република Северна Македонија, со тоа што ќе отпочне да го намалува, а не да го зголемува јазот помеѓу судиите и судската служба;
  • Бараме итно да им бидат исплатени парите на нашите колеги од судската полиција, помошно – техничкиот персонал, на пензионираните, на вработените кои имаат најниски примања;
  • Апелираме до Вас и вашата совест да ја разбудите и да ја видите реалноста. Непочитувањето закони и прописи кога се во прашање вашите интереси. Кога сме во прашање сите ние вработените, судските службеници, судската полиција и помошно – техничкиот персонал, за нас или нема пари или секое решение оди во наша корист за вас е незаконско наоѓајќи разно разни изговори;
  • Судството, не се само судиите, туку дел од тој тим се и сите вработени во судската служба, кои заслужуваат еднаков третман. Перцепцијата за судството и дома, но и пред меѓународната заедница, ќе се подобри само кога целиот тим заеднички и посветено ќе работи за истата цел.

 

Затоа бараме од Министерството за правда итно да пристапи на:

  • Измена на законите и да утврди поинаква позиција на Судската служба независна од милоста на Судскиот буџетски совет и да се формира посебно тело кое ќе биде одговорно за нас;
  • Задолжително да имаме претставник во Судскиот буџетски совет и
  • Задолжително да имаме претставник во Советот на судска служба.

 

Препорачуваме:

СЗО: Не е точно дека Северна Македонија има највисока стапка на смртност во регионот

Сузана Мицева

Државата ќе дава 3 хектари земјоделско земјиште под закуп

Владата се уште го анализира францускиот предлог

Ване Трајков