Регион

Социјална приказна од Сарај: Живко Николов 6 години неподвижен а одбиен за нега за мобилност

Сопругата Слободанка која и самата има здравствени проблеми се грижи за ќерката која има нарушено ментално здравје , но и за сопругот кој 6 години е взран за креветот.На Живко му бил дијагностициран тумор на мозокот па после двете тешки операции му престанува моториката на нозете,кој не е во состојба ниту да оди ниту пак да седне.

Брат му на Живко, Митко кој не контактираше во редакцијата вели дека иако 6 години ја живеат оваа судбина никаде не се пожалиле ама сега после последната одлука на лекарите од комисијата за доделување на мобилна нега реши да не контактира.
На 25. јуни оваа година повикал болничка кола која ја платил да го однесат брат му во Скопје се со цел да го прегледаат лекари и да донесат конзилијарно мислење со кое ќе му следува надоместок – мобилна нега.

Иако Живко бил во јуни на преглед со кој требало да се утврди здравствената состојба која ќе биде клучот за одлуката на лекарите кои воопшто и не го прегледале, парадоксот да е уште поголем наместо во струмичко Сарај , мислењето од лекарите со негативен одговор завршило во општина Сарај во Скопје.

Иако Живко живее без еден дел од черепот , туморот зема се поголем замав.Истиот не само што го исполнил празниот дел во главата се проширува и кон десната и левата страна од лицето.Свесен е за се кое се зборува околу него и за него ама немоќен ништо да направи.Семејството не зема ниту инвалидска пензија која по закон сигурно му следува , живеат само со 8 илјади денари од социјалната мерка за нега на трето лице кое Слободанка ги зема и за ќерката и за сопругот.Нашата редакција во текот на утрешниот ден ќе се обиде да добие одговори од надлежните институции и како е возможно пациент без да биде прегледат да се носи конзилијарно мислење.

Препорачуваме:

В недела завршува еко акцијата на општина Струмица и ЈП Комуналец

Прекинато водоснабдувањето во Негорци

Стојне Митева

Кривична пријава гевгеличанец осомничен за разбојништво во аптека

Ване Трајков