Македонија

Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Судија на претходна постапка ѝ определи 30-дневен притвор во истрагата за случајот „Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

извор:makfax

Препорачуваме:

Не се знае дали мерката за замрзнување на цените ќе продолжи и во март

Пратениците ги усвоија измените за минималната плата

Стотици купувачи во неизвесност со платените нарачки од Нефа мебел

Ване Трајков