Македонија

Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно не била осомничена во случајот „Рекет“, бидејќи немало доволно докази. Русковска потенцираше дека вчера не било барано апсење на Јанева, за да ѝ се даде шанса да даде свое видување.

„Не се смени ништо од вчера до денес. Сметав дека треба да ѝ се даде шанса на колешката да даде свое видување и тоа беше причинита. Предметот е многу експониран во јавност, едноставно сакав да ја слушнам што сака да каже. Не ја ислушав како сведок. Не би барала притвор без доволно докази. Во меѓувреме, се собраа доволно докази, кои укажуваат на кривичното дело. Ако имав доволно докази за некој друг и тој ќе беше во притвор“, рече Русковска по распитот на Јанева во судот.

Обвинителката Русковска вели дека истрагата продолжува, а дополнително ќе се види до какви сознанија и докази ќе дојде Обвинителството за организиран криминал и корупција. Русковска тврди дека немала политички притисоци со цел да спречат истрагата да се прошири кон Катица Јанева.

„Кога беа првите двајца осомничени, им беше одобрен притвор по наше барање. Истрагата продолжува и ќе видиме каде ќе не однесе.Не сакам оваа истрага да биде реалити шоу. Сум немала политички притисоци“, додаде Русковска.

„Судијата се консултираше со мене, јас реков дека е човечки да ѝ се дозволи да оди на погреб кај мајка ѝ“, рече Русковска.

Русковска посочи дека адвокатот на Јанева не може да ја застапува бидејќи има судир на интереси. Таа побарала од адвокатот Стеван Павлески да ги откаже сите полномоштва кои му овозможуваат да застапува осомничени лица во предметите на СЈО.

Во Обвинителството биле повикани и бизнисмени кои се поврзувале со истрагата „Рекет“, а дел од нив негирале дека дале пари, рече Русковска. Во однос на тоа дали во изминатиот период биле уништени докази, рече дека не и е познато.

„Познато е дека дел од компјутерите се бришени. Колку што имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден комјутер на обвинител не беше форматиран, колку што знам. Еден телефон кој го најдовме во Гевгелија беше форматиран, другите не“, рече Русковска.

извор:makfax

Препорачуваме:

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Сузана Мицева

Од денеска на работа родителите на деца до шест години и оние кои користеа продолжено породилно

(Видео) Владата: Училиштата што не користат евтина струја веднаш да се пријават и да ја искористат поволноста што ја нуди ЕСМ

Сузана Мицева