Македонија

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше уапсена.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според Обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја“.

Денеска, при претрес во СЈО ѝ бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Од Обвинителството велат дека засега нема индиции оти парите што Камчев им ги дал на Боки 13 и на Кичеец од 1,5 милион евра завршиле кај домашни и странски политичари.

извор:makfax

Препорачуваме:

27 годишно момче пронајдено мртво во својот дом во струмичко Мокриево

Ѓ. K.

Сали: Предмет на дискусија се три локации за новиот Клинички центар

Ване Трајков

Главниот кризен штаб ќе одлучува за новите ковид-мерки

Сузана Мицева