Регион

Малолетници мора да купуваат алкохол за да присуствуваат на концертите во струмичките ноќни клубови – полицијата потврди дека има вакви случаи

Граѓаните реагираат дека малолетници се пуштаат во ноќни клубови доцна по полноќ, а за да резервираат маса се приморани да купуваат и алкохол. Ова особено се случува за време на гостувањето на музичари, кога има најголем интерес кај малолетниците за присуство на концертите. Струмичката полиција за Канал Вис потврди дека овие реакции се основани, но не прецизираше колку вакви случаи имаат регистрирано, ниту во кои угостителски објекти. Во одговорот до канал Вис рекоа дека во рамките на своите надлежности преземаат континуирани и зачестени акциски контроли самостојно или заедно со други инспекциски служби. Освен тоа што се казнува присуство на малолетници после 24 часот, од полицијата информираат дека има казни и за точење алкохол на лице кои немаат 18 години, а се преземаат мерки и за прегласната музика кој ги вознемирува граѓаните.

Свр Струмица вели дека акции ќе има во текот на целиот летеен период, кога угостителските објекти работат интензивно поради распустот на учениците, но и годишните одмори.

Препорачуваме:

МЗШВ ќе поддржи 10 манифестации и настани во Југоистокот, Николовски им ги врачи договорите

Ване Трајков

Видео: Манифестиција „Убави сме, свои сме“

Во ограничен простор и под посебен протокол годинашниот Струмица опен фестивал

Сузана Мицева