Македонија

Костадинов: Земјоделците се задоволни од мерката „зелена нафта“

Очигледно е задоволството кај земјоделците од мерката „зелена нафта“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов од Струмица, додавајќи дека мерката обезбедува намалување на трошоците за производство, обезбедување на многу поконкурентни земјоделски производи и враќање на парите назад кај земјоделците.

„Само преку оваа мерка обезбедуваме околу 200 милиони денари или над 3 милиони евра назад директно кај земјоделците. Од тоа кој колкав износ ќе земе зависи, нормално, од производството, видот на производството што го има пријавено за субвенции“, рече Костадинов.

Тој додаде дека највисокиот износ што земјоделците може да го имаат на картичките е лимитиран на 100 000 денари.

„Ве уверувам дека како одговорна и државотворна партија дополнително ќе ги засилуваме активностите, мерките во однос на земјоделието, затоа што сите знаеме дека земјоделската гранка е една од најважните стопански гранки во Република Северна Македонија“, рече Костадинов.

извор:makfax

Препорачуваме:

Бесплатна телефонска линија за пријавување забави, најави Спасовски

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари

Развојната банка повлече 18 милиони евра за 45 проекти на домашни компании

Стојне Митева