Регион

ЕВН фати 20 струмичани како крадат струја и си зработија кривични пријави

Дваесетина жители од Струмица и населените места Петралинци, Баница, Моноспитово, Габрово, Василево, Свидовица и Просениково во јануари и февруари краделе струја од мрежата на ЕВН. При редовна техничка контрола од страна на вработените во ЕВН Макеоднија кај сите 19 лица било констатирано дека превземаат нерегистрирана количина електрична енергија без мерна опрема при што ЕВН го оштетиле за околу пет илјади евра или 327 илјади денари. Најмногу крадел К.И. (57) од селото Петралинци кој направил штета од речиси 64 илјади денари за тие два месеци, по што следува лицето В.А. од Баница со 47 илјади денари и лицето Н.Т од Струмица со 38 илјади денари. Останатите направиле штета од 8 до 15 илјади денари Сите лица од струмичката полицијата заработија кривични пријави за кражба на електрична енергија

Препорачуваме:

УЧЕБНАТА ГОДИНА НЕМА ДА СЕ ПОВТОРУВА, А ЗА МАТУРАТА ЌЕ СЕ ЗНАЕ НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ПОЛАГАЊЕ ВО ЈУНИ ИЛИ УКИНУВАЊЕ ЗА ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА УЧЕНИЦИ

Стојне Митева

Донација од “Boots for Balkans” за второодделенците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево

Ѓ. K.

Бесплатен оброк за учениците од социјално-ранливите категории во Општина Гевгелија

Ѓ. K.