Спорт

Академија Пандев со Шкендија во првото коло од Првата МФЛ

ФК „Академија Пандев“ од Струмица новата првенствена сезона ја почнуваат со шампионот ФК „Шкендија“ на 11 август. Така одлучи ждрепката во ФФМ каде беа извлечени паровите за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ дуелите на домашен терен ќе ги играат на стадионот „Младост“, кој го пријавија во македонската фудбалска куќа за есенската полуетапа.

Натпреварот Акаедмија Пандев – Шкендија ќе се игра во 17:30 часот во недела на 11 август. Веќе следната недела и гостуваат на „Македонија ЃП“, а во третото коло дома го пречекуваат „Борец“. Потоа ќе играт со „Работнички“ во гости, „Ренова“ дома, „Струга“ во гости, со „Шкупи“ дома, „Вардар“ во гости, а првиот круг го завршуваат со „Силекс“ пред своја публика.

Препорачуваме:

Младите од Астраион имаат потенцијал и Струмица ќе се гордее со нив, вели Пандев по дебитирањето во Првата лига

Младите на Академија Пандев ремизираа против Партизан

Ване Трајков

Шаховските таленти од Струмица Гоцев и Крумова со право на учество на Светското во Египет, но се потребни средства (видео)

Ване Трајков