Свет

Австралиски муслимани добија 22 години затвор за палење џамија во Мелбурн

Тројца австралиски сунитски муслимани се осудени на казни затвор од 16 до 22 години, секој поради напад на шиитска џамија во Мелбурн, инспирирани од исламска држава.

Абдула Чаарани (28), Ахмед Мохамед (26) и Хатим Мукихабер (30), се осудени од Врховниот суд на државата Викторија за вмешаност во терористички акт со подметнување пожар во исламскиот центар „Имам Али“ во Фокнер, северно предградие на вториот по големи австралиски град, во декември 2016 година.

Во мај поротата во судот тројцата ги прогласи за виновни.

Мохамед и Чаарани се осудени на 22 години затвор и ќе можат да бараат условен отпуст дури по 17 години, додека Мукихабер е осуден на 16 години затвор, со можност за условен отпуст по 12 години, објави австралиската телевизија ABC.

Судијата Ендру Тинни при изрекувањето на пресудата изјави дека грозоморното злосторство било мотивирано од омраза, нетолеранција и злоба. Тој кажа дека тоа е „напад врз верската слобода”, што беше „невозможно да се оправда”.

Исламска држава беше насликана со спреј на ѕидот на џамијата пред нападот. Џамијата беше речиси целосно уништена во пожарот.

За време на судењето Мохамед и Муахибер негираа каква било вмешаност, додека Чаарани призна дека учествувал во нападот, но рече дека тоа не е акт на терор, туку чин на негов протест „со намера да се унапреди … сунитскиот ислам”, пренесе ДПА.

извор:makfax

Препорачуваме:

(Видео) Снег ги покри Алпите во август

Ѓ. K.

Митараки: Грција не може да стане порта за влез на Авганистанците во ЕУ

Сузана Мицева

Русија објави прекин на огнот во опколениот Мариупол

Сузана Мицева