Регион

МАКЕДОНИЈА Изменет сообраќаен режим на делницата Струмица – Дабиле

На магистралниот пат А2, делница Струмица – Дабиле, поради геодетско снимање и геомеханички истражни работи, почнувајќи од денеска (24 јули) во наредните 5 работни дена ќе има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 5 до 12 часот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор:makfax

Препорачуваме:

Кривична пријава гевгеличанец осомничен за разбојништво во аптека

Ване Трајков

Планинското спасување да се регулира со законско решение (видео)

Ване Трајков

Вработените од фирмите редовно ги извршуват своите здравствени прегледи за време на топлотниот бран

Ѓ. K.