Регион

Одбележан чист понеделник. Струмичани го пробаа белото гравче

Струмичани и годинава останаа верни на традицијата. Толпа народ се собра на градскиот плоштад за да го вкуси познатото бело гравче. На мала посна трпеза поставена во близина на Центарот за култура „Антон Панов“ се нудеше посно гравче, леб и по некоја чаша топла ракија и сок.

На овој ден, прв по Прочка се одбележува Чист понеделник, ден со кој започнуваат велигденските пости. По раскажувањето на постарите, чист понеделник се слави стотина и повеќе години, од почетокот на минатиот век.

Од денес до среда се деновите познати како Тримери кога верниците гладувале се до среда, кога во својот дом приредуваат посна гозба. Најчесто тоа било во домот каде што има млада невеста. Првата сабота по Прочка е Тодорова сабота, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота. А празникот Благовештение секогаш се празнува на 7 април.

Препорачуваме:

Започна изведбата на водоводен систем во Сушица

Стојне Митева

ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

ЕК: Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството