Свет

“Русите се терористи, го соборија авионот на Качињски”

Полскиот министер за одбрана ја оптужи Русија дека е одговорна за соборувањето на полскиот претседателски авион во 2010 година, наведувајќи дека се работи за „тероризам“.

„Можеме да кажеме дека ние сме првата голема жртва на тероризмот кој се случува сега пред нашите очи“, рече полскиот министер за одбрана Антони Мачиеревич на предавањето на еден универзитет, пренесува АФП.

Лех Качињски, неговата сопруга и уште 94 лица, воглавно високи полски официјални лица, загинаа во 2010 година кога кај Смоленск се сруши авионот со кој одеа на одбележување на годишнината од убиството на полските офицери во Катинската шума.

Министерот исто така рече дека падот на авионот бил оркестриран како реакција на полското барање во 2009, советскиот маскар над полските офицери во Катинската шума да се дефинира како „геноцид“.

„Нема сомневање дека она што се случи требаше да го ликвидира полското лидерство кое ја водеше нашата нација кон независност“, додаде тој.

Москва веднаш одговори на обвинението од полскиот министер, за кое портпаролот на Кремељ Дмитриј Песков рече дека е: „неосновано и пристрасно и дека нема никаква врска со вистинските околности за падот на авионот“.

Препорачуваме:

СЗО: Сè уште не е време за опуштање

Сузана Мицева

(Видео) Македонските спасувачи извлекоа жива жена од урнатините во Турција

Сузана Мицева

СВЕТЗа првпат во историјата прогласена состојба на катастрофа во сите 50 американски држави

Сузана Мицева