Забава

Горан Куќиќ и групата Јупитер го објавија спотот за новата песна „Винјак мој“

Горан Куќиќ и групата Јупитер го објавија спотот за новата песна „Винјак мој“. Денеска во 14.00 часот песната се појави на Јутуб каналот на Гранд продукција, а спотот е снимен на брегот на Дојранското Езеро и во „Ракија и мезе бар“, Струмица.

Спотот е снимен минатото лето, а на неговата продукција работеа Кире Пиличев и Георги Кончалиев.

Горан Куќиќ за канал Вис изјави дека станува збор за летен хит и затоа чекале речиси една година за промоција на „Винјак мој“.

Горан, кој стана познат во целиот Балкан како еден од најмаркантните вокали којшто се појави на шоуто „Никогаш не е доцна“ вели дека подготвуваат уште еден хит за српскиот пазар. Станува збор за нумерата „Превара“ којашто ќе се промовира оваа есен.

Препорачуваме:

„Пчелин рај“ ја помина цела Македонија-успешната приказна на една карневалска маска

Сузана Мицева

Новак откри зошто заплака на Вимблдон

Стојне Митева

Интервју со Смилја Василевска: Иван на Преведена пишуваше ѕвездени стихови

Сузана Мицева