Македонија

Ердоган ја прифати поканата за посета на земјава

12

Објавено пред 32 минути – 9 јули, 2019

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја прифати поканата за официјална посета на земјава, што му ја упати претседателот Стево Пендаровски.

Во рамки на средбата помеѓу Ердоган и Пендаровски во Сараево на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, турскиот претседател рече дека Северна Македонија ја има целосната поддршка од Турција за членство во ЕУ и во НАТО, со тоа што пристапниот Протокол за членство во НАТО ќе биде наскоро ратификуван во Големото национално собрание на Република Турција.

На средбата беше изразено задоволство од силното партнерство меѓу двете држави и од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, како на политички, така и на економски план. Трговската размена меѓу двете држави е во постојан раст и во 2018 година изнесуваше 505 милиони долари, но, потенцираа двајцата претседатели, економската соработка може уште повеќе да се зголемува, во интерес на граѓаните на двете држави.

извор:makfax

Препорачуваме:

Видео: Агроинфо, емисија за земјоделството

Растат осигурителните полиси во земјоделството

Заев: Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот

Сузана Мицева