Македонија

Антикорупциска ќе ги разгледува случаите со Рашковски и продажбата на авионските билети во институциите

Случајот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, но и продажбата на авионски билети во институциите ќе бидат разгледувани од страна на Државната комисија за спречување корупција.

Како што истакна денеска претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска случајот со авионските билети е значаен, бидејќи во позадината се кријат големи парични средства.

Одговарајќи на новинарско прашање за Рашковски, Ивановска рече дека комисијата ќе води постапка по допрен глас од медиуми по сопствена иницијатива, но се уште не можат да почнат со обработка. Комисијата, како што појасни Ивановска, чека да им биде доставена документацијата што ја имаат побарано од МАВ во однос на тендерот, како и документација од Рашковски кој треба на писмено да образложи во кое својство се нашол во објавениот снимен разговор.

извор:makfax

Препорачуваме:

Влада: Тутунски комбинат да ги откупи дополнителните 700 тони тутун

Младите на возраст меѓу 18 и 40 год. со најмал опфат на вакцинација во Северна Македонија

Југоистокот со 0,1% позитива во раст на население