Македонија

СДСМ: Се санираат најважните сообраќајници во Скопје, oд денеска реконструкција на мостот „Гоце Делчев“

Градската власт и градоначалникот Петре Шилегов интензивно работат на реконструкција и санација на најважните и најфреквентни коловози во градот, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Од денеска, нагласува партијата, почнува реконструкцијаta на мостот „Гоце Делчев“, една од најфреквентните точки во центарот на градот.

„Во моментов се одвива реконструкција на улицата Лазар Личеновски, каде освен реконструкција на коловозот ќе се постават нови рабници и уредување на тротоарите. По долги години се работи на санација и на западниот влез во градот. Во општина Ѓорче Петров се реконструира улицата Ѓорче Петров во должина од 1.500 метри. Реконструкција се одвива и на улицата Московска во општина Карпош каде претходно беше реконструирана улицата Љубљанска, а се изврши и реконструкција на булеварот Партизански одреди на потегот од мостот ‘Обединети нации’ до крстосницата со улица Лондонска. Во општина Чаир се реконструира улуцата Лазо Трповски, а претходно реконструирана беше улицата Втора македонскабБригада каде беа поставени и велосипедски патеки. Како никогаш досега се работи на санација на неколку клучни соораќајници во главниот град“, велат од СДСМ.

Партијата информира дека процесите на реконструкција се завршуваат во рекордно време за не повеќе од 20 денови, со цел сообраќајниците што побрзо да се вратат во нормална состојба, а сообраќајот да се одвива непречено.

извор:makfax

Препорачуваме:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Кој ќе ги пишува новите учебници за првачињата

ВИДЕО: Потпишан меморандум за соработка помеѓу македонски и бугарски задруги