Македонија

Министерот Манчевски на првиот ИКТ дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на првиот состанок посветен на дијалогот ЕУ-Западен Балкан за ИКТ, кој се одржува во Брисел.

Состанокот го отвори Еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, а покрај министерот Манчевски меѓу другите учествуваат и ресорните министри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Mинистерот Манчевски потенцираше дека во изминатите години, преземени се сериозни активности во однос на дигиталната трансформација, за постепено да се напушти принципот на „управување со хартија“ и да се промовира приодот „дигитално на прво место“, што подразбира и неопходни промени во техничка и правна смисла.

„Како носители на одлуки за дигитална политика, посветени сме на обезбедување еднаков пристап до јавните услуги за нашите граѓани и бизниси. Поголемата достапност на услуги и можности преку дигитални канали носи поголеми предизвици. Со цел да се поттикне економскиот раст, но и да се премости јазот со ЕУ, треба да обезбедиме силна дигитална инфраструктура, усогласеност со законските барања, како и отворен и безбеден сајбер простор“, истакна министерот Манчевски, додавајќи дека една од основите на Дигиталната агенда на Европската Унија, а со тоа и почетокот на дигиталната трансформација на Северна Македонија, е усогласувањето на домашното законодавство со регулативата на ЕИДАС.
Министерот Манчевски ги претстави активностите на МИОА и владата во сферата на дигитализацијата: донесување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Закон за електронски услуги и електронско управување како и Закон за Централен регистар на население, потоа Каталог на услуги, Национален портал за е-услуги итн. Исто така, усвоени се Националниот оперативен план за широкопојасна мрежа и Стратегиите за Отворени податоци 2018-2020 и Сајбер безбедност 2018-2022 заедно со нивните Акциски планови итн.
„Република Северна Македонија е посочена како земја која демонстрира висока заложба во сите 5 столба според индексот на Global Cybersecurity Index 2018(ITU) и тоа како единствената земја од Западен Балкан во оваа категорија“, рече Манчевски.

Целта на овој прв состанок е да се разгледа напредокот во имплементацијата на Дигиталната Агенда за Западен Балкан и наредните чекори во таа насока, а во исто време да се запознаат учесниците со последните новитети од законодавството на ЕУ поврзани со: Сајбер Безбедност, Директива за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, економија на податоци и Telecom code.

извор:makfax

Препорачуваме:

Битиќи: Неопходна ни е дополнителна работна сила за да имаме економски раст и развој

Ване Трајков

Нов предлог закон на СДСМ: Парите од игри на среќа да одат за заштита на културното наследство

Ѓ. K.

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Сузана Мицева