Свет

Тачи до Трамп: Косово е најпроамериканска држава во светот

Косовскиот претседател Хашим Тачи му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека Косово е гордо поради фактот дека е најмногу проамерикански ориентирана држава во светот.

Тачи ова ги пишува во писмото упатено до Трамп по повод 4 јули, Денот на независноста на САД, објави РТС.

Во него Тачи изразува благодарност во име на косовските граѓани за американската поддршка во најлошите времиња и за поддршката за реконструкцијата на земјата и општеството по трагедијата и уништувањата на војната.

„Потсетувајќи се на писмото што ми го испративте во декември минатата година, дозволете ми да потврдам дека сме посветени на постигнување траен мировен договор со Србија, кој ќе донесе траен мир и стабилност меѓу нашите земји и во целиот регион“, вели Тачи, додавајќи дека водството и визијата на Трамп се клучни за постигнување на таа цeл.

извор:makfax

Препорачуваме:

Кралицата Елизабета слави 70 години на тронот

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Ердоган слави победа во Турција

Сузана Мицева