Спорт

Се одржа турнирот „STREETBALL 3X3 Радовиш 2019“

Изминатите две недели под покровителство на ЕЛС Oпштина Радовиш а во организација на Здружението „БАСКЕТ СПОРТ“, граѓаните на општина Радовиш на игралиштето во склоп на ООУ „Никола Карев“, имаа можност да уживаат во уметноста на уличниот баскет.

На традиционалниот турнир во баскет попознат како „STREETBALL 3X3 Радовиш 2019“ учествуваа вкупно 16 екипи поделени во 3 групи (категории): од VII до IX одделение, гимназија и категоријата – Сениори.

Вчера 07.07.2019 год., Недела со почеток од 19:00 час. во прекрасна спортска атмосфера се одиграа финалните натпревари на кои беа постигнати следните резултати :
Категорија VII – IX одд. :
Прво место – WARRIORS
Второ место – GOLDEN BOYS
Категорија ГИМНАЗИЈА :
Прво место – СЛОГА
Второ место – МАРТИНА ПРОМЕТ
Категорија СЕНИОРИ :
Прво место – ПАРТИЗАН-ГЕВГЕЛИЈА 
Второ место – DOWNTOWN

Препорачуваме:

Дејан Георгиевски освои сребрен медал во теквондо

Сузана Мицева

Наковски подобар од Виктори на турнирот што го организираат за Денот на независноста

Време е за реванш ! Пандевци во среда на Младост го пречекуваат лидерот Шкендија