Спорт

Ќе има организиран превоз со влезница за мечот Академија Пандев- Зрински

Информација до сите љубители на фудбалот дека картите за натпреварот Академија Пандев – Зрињски се веќе во продажба по симболична цена од 100 денари. Карти може да се набават онлајн на www.kupikartizase.com , во сите продажни места низ Македонија (продажните локации можете да ги проверите на линкот подолу), како и на самата билетара на арената „Тодор Проески“ во Скопје на денот на натпреварот.

Информација за сите струмичани дека ќе има организиран превоз, како и обезбедена влезница за сите кои ќе патуваат со организираниот превоз. Задолжително најкасно до вторник секој заинтересиран да се пријави во канцеларијата на Академија Пандев во спортска сала „Парк“. Тргнување на ден на натпревар во 15.30 часот од паркингот на спортската сала.

Со овој натпревар нашиот клуб испишува една нова страница во клубската историја, а нашите играчи ќе дадат се од себе да што подолго се задржат во европските натпреварувања. Затоа ги покануваме сите љубители на фудбалот да дојдат и да ни дадат поддршка и со победа да ги стартуваме квалификациите за Лига Европа.

Препорачуваме:

Почна меморијалниот турнир „Иван Пенов“ во Гевгелија

Сузана Мицева

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ја доби листата на можни противници

Ѓ. K.

Владо Милев избран за спортист на Струмица

Ване Трајков