Спорт

МАКЕДОНИЈА „Сомбрероси“ се новите шампиони во КОНКАКАФ (Видео)

Фудбалерите на Мексико се шампиони на Северна и Средна Америка. Мексиканците во финалето на Голд купот, во Чикаго, со 1:0 ја совладаа селекцијата на САД.

Американците на домашен терен не успеаја да ја одбранат титулата и останаа на шест трофеи на Голд купот. „Сомбрероси“ од друга страна го издржаа притисокот, постигнаа еден гол и ја освоија 11 титула во КОНКАКАФ.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 73 минута кога асистенцијата на Раул Хименез во гол ја претоври Џонататн дос Сантос.

Мексико од клупата го предводеше поранешниот тренер на Барселона Тата Мартино, за кого ова е прв меѓународен трофеј.

извор:makfax

Препорачуваме:

МВП подобар од АБА во струмичкото дерби за кошаркари до 14 години

Ване Трајков

Подобри услови за женскиот фудбал

Сузана Мицева

Валенти: Одигравме добро, но има простор да се напредува

Ѓ. K.