Регион

15 производи ќе имаат заштитен географски назив „Беласица – природен производ“, меѓу кои се, питом костен, боровинка и вргањ и други шумски производи

Струмица е прва општина во Македонија, која повела постапка за заштита на природата со одржливо користење на диворастечки природни производи во својот регион. Според Томислав Андреев од Одделението за животна средина, општина Струмица како носител на правото на сертификатната марка „Беласица-планински производ“ воведува регистар за право на користење на сертификатната марка за субјекти кои се корисници. Вкупно 15 производи ќе имаат заштитен географски назив „Беласица – природен производ“, меѓу кои се, питом костен, боровинка и вргањ и други шумски производи. Ова беше истакнато на денешната еднодневна обука „Заштита на биодиверзитетот и брендирање на шумските плодови на Беласица“, на која што учествуваа претставници на јавната администрација, трговските фирми и невладини организации од струмичкиот регион, а ја спроведе „Пробио“ во соработка со Шумарскиот Факултет од Скопје и ЈП „Национални шуми“-ПСШ „Беласица“ од Струмица. 
Инаку, целата постапка за регистрација на производите со заштитено географско потекло и назив е веќе завршена во Државниот завод за индустриско потекло.

Препорачуваме:

Климатските промени опасност за земјоделството

Градинарите бараат предвреме да се знае откупната цена на ајварката

Сузана Мицева

Нова компјутерска опрема за валандовските училишта

Сузана Мицева