Свет

На српската граница пронајдени 82.000 евра скрени во кондури и кошули

Српските царински службеници во соработка со полицијата на влез на граничниот премин Ватин, при претрес на патниците на едно комбе откриле речиси 82.000 непријавени евра.

Прекршокот бил откриен кога на ред за контрола застанало возило „мерцедес“ со германска регистрација со кое од таа земја, во која живеат, кон родната Турција патувале двајца браќа, како и четирите деца и сопругата на еден од нив.

Во разговорот со царинските службеници, двајцата мажи рекле дека со себе носат само личен багаж и по 10.000 евра, но прегледот на нивните куфери поставени во багажникот покажал поинаква ситуација.

Притоа во спакувани чевли на 49-годишниот сопатник бил пронајден коверт со 14.400 непријавени евра, додека во патната торба на 45-годишниот возач бил пронајден коверт со 67.500 евра.

На патниците од комбето им биле вратени по 10.000 евра, што е износ кој не мора да се пријавува при преминување на границата, додека остатокот од непријавените пари привремено се чуваат до завршувањето на прекршочната постапкa.

извор:makfax

Препорачуваме:

Словенија воведува нови мерки на своите граници

Сузана Мицева

Светот има залихи на шеќер само за 68 дена

Ѓ. K.

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Сузана Мицева