Спорт

Спорт медиа -Михаилов од Струмица заминува во Вардар

Македонскиот репрезентативец Васе Михаилов е новото големо засилување за Вардар. Актуелниот носител на двојната круна Џио Струмица останува без капитенот и без еден од главните играчи во тимот, кој одлучи да се обврзе на двегодишна соработка со вардарци.

Михаилов, кој скоро цела своја кариера ја има минато во редовите на струмичкиот тим, со исклучок на едно полусезона во Албанија и една во Вардар, се одлучи на смел потег, да се пресели во Скопје, одново да го облече „црвено-црниот“ дрес и да прифати нов предизвик.

„Целиот живот сум играч на Струмица и почувствував желба и потреба за промена и за нов предизвик. Се пронајдов во проектот и идејата која ја има Вардар, мислам дека со моето искуство можам да и помогнам на екипата. Разговарав со претседателот на Џио Струмица, имаше разбирање и моето заминување од матичниот клуб е пријателско, и ми е дадено до знаење дека во Струмица секогаш ќе има место за мене. Тоа е тим кој неизмерно го сакам и почитувам, но мислам дека е време за промена и затоа се одлучив да заминам.

Имам поддршка и од фамилијата и девојката, кои се најважни за мене, и свесен сум дека ќе има и позитивни и негативни коментари. Сепак настапот во Челинџ купот, како и МЕВЗА, амбициите на тимот… мислам дека е средина во која можам да се пронајдам и да помогнам во реализација на клупските цели“, изјави за СПОРТМЕДИА, Васе Михаилов.

Препорачуваме:

Дени Илиев ќе игра во Лигата на Европа – Арсенал го пријави за настап во ова натпреварување

Беласица и Академија Пандев добија лесни противници за првото коло од КУПОТ

Голманот Дејан Силјановски потпиша за Беласица

Ване Трајков