Македонија

Пописот ќе се одржи во април 2020

Пописот ќе се одржи од 1 до 21 април 2020 година. Ќе се попишат сите граѓани во и надвор од државата. Граѓаните кои се надвор од земјава ќе се попишуваат преку самопопишување со апликација или преку блиско лице. Државата ќе се подели на 45 региони, а за пописот ќе бидат ангажирани околу 6.000 лица. Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, а конечните резултати од пописот се очекуваат да бидат готови половина година од неговото одржување.

Ова накусо се главните поенти од новиот закон за попис кој вчера помина на владина седница, а кои на прес конференција ги соопшти Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика.

– Законот има намера да ги дефинира сите чекори за спроведување на оваа статистичка операција. Важно е дека пописот ќе биде исклучително статистичка операција, а не и политичка како претходните. Ќе се спроведува со комбиниран метод, односно со класичен метод лице в лице и со користење на метод на бази на податоци – рече Симовски.

Тој додаде дека втората битна разлика од предходните пописи е што пописот ќе се спроведе со електронски прашања преку лаптопи. Ќе се собираат податоци за географските и демографските карактеристики, економските, образовните, миграциските, етничко-културолошките и религиозните карактеристики и карактеристики посветени на лицата со посебни потреби. Покрај податоците за лица ќе се собираат податоци за домаќинствата, семејствата, како и за становите и зградите.

Тоа треба да овозможи поквалитетни и побрзи податоци, посочи Симовски, истакнувајќи дека апликативното решение што ќе се изработи за спроведување на пописот ќе ја елиминира можноста за двојно односно повеќекратно попишување. Ќе се овозможи контрола на нелогичните податоци, односно грешки. Лицата што не се во државава ќе можат да се попишат преку посебна веб апликација со претходна најава на неа со цел заштита на податоците.

– Пописот ќе се организира на целата територија која ќе биде поделена на 43 пописни региони. Во пописот ќе учествуваат околу 6.000 лица, 5.000 попишувачи, 500 реонски инструктори, 200 државни инструктори и членови на пописните комисии.

инстриуктори. Пописот за разлика од претходниот кој пропадна, ќе ги опфаќа сите лица присутни и отсутни од државата. Ќе се почитуваат сите стандарди пропишани од Еуростат. Лицата надвор од земјава ќе се самопопишуваат еден месец пред пописот, оние кои нема да се самопопишат, податоци за нив ќе дадат лица кои им се блиски приложувајќи матичен број од лицето – вели Симовски.

Апликативното решение за пописот ќе овозможи контрола, односно ќе не може да се пополни неквалитетен прашалник. Ваква можност ќе обезбеди квалитет на пописот и брзо добивање на конечни податоци.

Симовски очекува најдоцна за шест месеци да ги имаме конечните резултати од пописот.

Пописот ќе чини околу 8,5 милиони евра. Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година.

Препорачуваме:

Приведен малолетник за уцена, барал пари од малолетничка

Средба Заев- Дуџак

Општините тонат во долгови констатира Државниот завод за статистика

Ване Трајков