Свет

ПРЕСТОЛНИНАТА НА ТУРСКИТЕ КУРДИ – ГРАД НА МРТВИ И ИСЧЕЗНАТИ

Неофицијалната престолнина на курдската заедница во Турција, градот Дијарбакир стана град на мртви и исчезнати, се наведува во репортажата на РТ.

Молитвите за настраданите кои се одржуваат во петок, станаа манифестација која создава голема поделба помеѓу локалното население и властите во Анкара.

„Во намерата за потполно уништување на курдскиот идентитет, турските власти им наредиле на имамите да читаат молитви кои ги одобрила официјална Анкара. Илјадници локални Курди протестираат заради тоа, не сакаат да одат во централната градска џамија и се молат во блискиот парк“, наведува репортерот на РТ, Вилијам Вајтмен.

Тој посеведочил како хеликоптерите на турската војска го надлетуваат градот, а експлозиите и пукањето се слушаат готово во секој момент. Додава дека во предградието под името Сур, турските безбедносни сили постојано изведуваа рации против припадниците на Работничката партија на Курдистан и нивните сојузници.

Вајтмен разговарал и со мајката на 17 годишната Розерин Џукур која настрадала во бомбардирањето на турската војска, а чие тело никогаш не го пронашле. Вели дека на курдските претставници не им било дозволено да дојдат во предградието Сур и да го најдат телото.

„Видовме на вестите дека загинала… Го видовме нејзиното тело.. Покрај неа ја поставиле нејзината лична карта… Ги натеравме властите да ги најдат исчезнатите… Донесоа само две тела во страшна состојба. Делови ги изеле кучињата скитници, а на секое од нив имаше по стотина рани од куршуми. Пукале во нив и кога биле мртви“, вели таткото на девојчето Мустафа.

Секоја сабота семејствата на исчезнатите во текот на турско-курдските судири во ’80 и ’90 години и понатаму бараат информации за нив… Сега им се приклучија и семејствата на новите жртви, чиј број во Дијарбакир и неговата околина е поголем од ден на ден.

Препорачуваме:

Кoи се разликите меѓу двете водечеки вакцини против Ковид-19?

Сузана Мицева

Иран бара црвена белешка од Интерпол за апсење на Трамп

Сузана Мицева

Кина ја повика Велика Британија да ги исправи своите грешки

Сузана Мицева