Македонија

Китанов: Оваа недела ќе биде пуштен во употреба автопатот Миладиновци- Штип

Оваа недела ќе биде пуштен во употреба новиот автопатот Миладиновци-Штип, а во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска во Куманово.

-Оваа недела ќе биде пуштен автопатот. Вчера бев лично на увид, за две дена завршуваат последните метражи и последниот дел на поставување на заштитна мрежа. После тоа ќе може да се пушти во сообраќај, со тоа што на две места од по 100-200 метри ќе има времен режим на сообраќај, бидејќи надвор од автопатот ќе се работи во близина на автопатот, работи кои треба да се од корист на граѓаните. Во меѓувреме завршува тендерот за сите евидентирани слабости и недостатоци на главниот проект, којшто во наредниот период, а тоа се наредните 2-3 месеци комплетно треба да бидат елиминирани. Некаде во средината на летниот период треба да отпочне изградбата на патарините, но за тоа потоа, изјави Китанов.

Препорачуваме:

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Сузана Мицева

Меѓународен ден на Ромите

Сузана Мицева

ВИДЕО: Повратот од „Викенд без ДДВ“ ќе се врши во два дела, исплатата утре и задутре