Регион

Во март и април решени 141 проблеми преку „Систем 48“

Граѓаните на Струмица континуирано ги користат услугите на општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми. Во месеците март и април биле пријавени вкупно 179, од нив решени се 141 проблеми, а останатите 38 се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 98, од областа на собирање смет 32, водовод и канализација 31, паркови и зеленило 13 и општински инспекциски служби 5.

Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Препорачуваме:

Бројот на патниците кон Грција намален за повеќе од 80 %

Гори шума кај село Чалакли

Заврши теренската вакцинација во струмичкиот регион