Регион

Сообраќајка се случи во центарот на Струмица

Околу 12 часот и 30 минути се случи сообраќајна несреќа на булевар „Маршал Тито“ во центарот на Струмица.

Возило марка Ауди движејќи се од кружниот кај Поштата кон Глобал удрил во возило што се вклучувало во сообраќај. Според очевидците повреден е возачот во Аудито, и возачот и сопатниците во другото возило.  Екипи на Итната помош повредените ги транспортираа до Општата болница Струмица.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Препорачуваме:

Во Секирник прекин со водоснабдувањето-се исклучуваат корисници со неплатени сметки

Сузана Мицева

Видео – Велков, Стамов и Јованов сеуште градоначалници на Ново село, Дојран и Конче

Струмичани не се откажуват од тримерската традиција

Сузана Мицева