Регион

Жените и пензионерите први на удар на семејно насилство

Жените и пензионерите се први на удар на семејно насилство. Тие се жртви, не само на физичко, туку и на психичко и економско семејно насилство и тортура, од најблиските, децата и внуците. За жал, бројот на жртви на оваа девијантност, наместо да се намалува, од година во година тој број е речиси константен, констатира Савка Тодоровска од НВО Национален совет за родова рамноправност.

Семејното насилство е облик на деликвентно и девијантно однесување. Тоа е насилство кое се случува во рамките на едно семејство, односно најголемата закана од внатрешен терор се наоѓа внатре, во домот.

Семејно насилство како поим подразбира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар, родители или деца, или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница, или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете, или се наоѓаат во лични блиски односи.

Секоја држава, меѓу кои и Македонија, вложува големи сили оваа општествено-девијантна појава да се намали.
Но, државните институции не можат сами да се „борат“ во таа тешка војна. За таа цел заедно треба да работат Центрите за социјална работа, полицијата, Јавното обвинителство и Невладиниот сектор

Препорачуваме:

Одземени над 5.800 парчиња пиротехника, уапсено едно лице од струмичко

Ѓ. K.

Опожарена куќа во Радовиш

Второстепената комисија ја одби жалбата на Еуромакс за рудникот Иловица

Сузана Мицева