Спорт

Радовиш како на тренинг против Металург Ј. и со убедлива победа

Ракометарите на Радовиш на стартот од пролетниот дел од Шампионатот , пред своја публика го совладаа тимот на Металург Јуниор со 32:22. Целосна доминација на избраниците на Љупче Мијалов над подмладокот на Металург од Скопје во текот на мечот каде шанса да заиграт добија и т.н. Втор состав на Радовиш. За жал победата над Металург Ј. ги приближи само до борба за петата позиција но не и за директен пласман во Топ 4 која ќе разигрува за шампионската титула. До крајот на шампионатот Радовиш силите ке ги одмери со Пелистер Во Битола, со велешки Борец дома и Прилеп нагости. Металург, Охрид Работнички и Прилеп се четирите екипи кои со струмички Макс и скопски Вардар ќе играат за титулата

Препорачуваме:

КК Струмица се поблиску до Втора лига, поразени од битолски Пелистер

Наковски волеј го шокираше шампионот Јанта, не помогна ниту ,,шоуто,, на гостинскиот тренер

Ване Трајков

Двата струмички состави го потврдија местото во финалето на плеј-офот

Ѓ. K.