Свет

Северна Кореја: Спремни сме за “блицкриг”

Северна Кореја соопшти дека нејзината војска е спремна на „блицкриг“ против јужнокорејските и американските сили кои спроведуваат заеднички вежби.

Исто така, Пјонгјанг наведе дека е спремен да ја „ослободи цела Јужна Кореја“, јави државната севернокорејска агенција.
КЦНА го пренесе соопштението на Генералштабот на војската на Северна Кореја, во кое се наведува можноста за „превентивен напад против непријателските групи“ кои учествуваат во вежбите, односно против Јужна Кореја и САД.
Јужнокорејското министерство за надворешни работи го повика Пјонгјанг да прекине со провокациите.

Оружените сили на Јужна Кореја и САД на 7 март започнаа со зеднички воени вежби на Корејскиот полуостров.

Северна Кореја се закани дека ќе спроведе нуклеарни напади врз двете земји, оценувајќи ги вежбите како припрема за инвазија на нејзината територија.

Околу 300.000 јужнокорејски и околу 15.000 амерички војници учествуваат во вежбите.

Вежбите би можеле да ги влошат односите помеѓу двете Кореји кои технички и понатаму се во воена состојба, бидејќи после завршувањето на Корејската војан(1950-1953) беше склопено само примирје, но не и мировен процес.

Препорачуваме:

Раст на користењето на интернет и онлајн купувањето

Се повлекува од продажба сокот од јаболка за деца на „Хип“

Сузана Мицева

Најопасната птица на светот усмрти маж на Флорида

Сузана Мицева