Свет

ОТКАЖАН ПРЕДИЗБОРНИОТ СОБИР НА ТРАМП ВО ЧИКАГО ПОРАДИ ТЕПАЧКИ И ПРОТЕСТИ

Кандидатот за претседателска номинација од републиканците Доналд Трамп го откажа предизбориот собир во Чикаго поради тепачките меѓу поддржувачите и демонстрантите и уличните протести.

Штабот на Трамп одлуката ја донел откако во салата на Универзитетот Илиноис избиле тепачки меѓу поддржувачите на милионерот и засега најсериозен кандидат за претседателската номинација и стотици демонстранти кои запоседнале голем дел од арената уште пред појавувањето на Трамп.

Освен што извикувале слогани против Трамп, некои од нив носеле транспаренти со името на Берни Сандерс, еден од кандидатите кај демократите.

По вербалните префрлувања, избиле и неколку тепачки во ки противниците си размениле тупаници, по што организаторите одлучиле да го откажат настанот.

Некои од демонстрантите дури биле исфрлени од салата од страна на обезбедувањето.

Потоа нередите се префрлиле на улиците на Чикаго, поради што биле ангажирани 300 полицајци. Локалните власти соопштија дека двајца полицајци биле повредени, а 32 демонстранти биле приведени. Против 31 се поднесени пријави за нарушување на мирот, а против еден за напад од трет степен.

По нередите, Трамп даде изјави за повеќе телевизии, изразувајќи загриженост поради насилствата, кои како што рече, не се должат на неговите изјави, туку на економската ситуација, како што е невработеноста меѓу младите Афро Американци.

Препорачуваме:

Кај Британец регистриран нов вид на свински грип

Ѓ. K.

Во Кина измерени пеколни 80 степени, температурите ги урнаа сите рекорди

Ѓ. K.

Српски лекари бараат смена на Кризниот штаб

Сузана Мицева