Спорт

Струмичките одбојкари утре против Вардар во салата Парк

Утревечер стартуваат полуфиналните плеј офф двојки од одбојкарскиот шампионат на Македонија. Одбојкарите на Џио Струмица ќе играат со Вардар од Скопје а во втората полуфинална двојка се среќаваат Шутова и Универзитет Тетово. Побединиците од овие два полуфинални меча ќе разигруваат за титулата

Џио Струмица се фавороти против Вардар имајки во предвид епилогот од досегашните пресметки ова сезона. Имаат три победи. Но Вардар сега е засилен и воигран. Тимот што ќе стаса до две победи ќе игра финале. Мечот Џио Струмица-Вардар се игра во салата Парк со почеток во 19 часот.

За титула ќе играат и девојките на Наковски волеј кои за противник го имаат Рабонтички Скопје но ќе играат во гости

Препорачуваме:

Видео – Поранешни кошаркари бараат КК ,,Струмица’’ јавно да се изјасни како гласале за иницијативата на Владо Илиевски

A.Пандев во Тетово го претрпе првиот прволигашки пораз а заслужуваше реми

Одбојкарките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

Ѓ. K.