Спорт

Џио Струмица ја освои КУП титулата а Наковски Волеј среброто во Купот

Одбојкарите на Џио Струмица ја освои КУП титулата откако во големото финале со 3:0 во сетови ја совладаа екипата на Универзитет Тетово. Во финалниот меч. струмичани постојано ја имаа контролата на играта и резултатот со исклучок на вториот сет кога тетовчани се заканија но немаа сила за израмнување. Ова е 12 пехар за струмичани кои од идната недела ја почнуваат плеј офф пресметката за шампинксата титула

Одбојкарките на Наковски волеј немаа шанса да се радуваат на својата прва титула но станаа горди што имаат најверна публика која постојано ги бодри. Работнички беше пресилен иако во третиот сет го добија струмичанки и покажаа дека во своите редови имаат квалитет. Работнички помалку грешеше и дојде до титулата со победа од 3:1 во сетови

Препорачуваме:

Видео:: Како девојките од струмичка Тиверија со 11 гола ги испратија битолчанки дома

Пораз на Струмица од Карпош, на трибините едвај 40 тина посетители

Ване Трајков

Пандевци против Брегалница од Штип го почнуваат првенството

Ване Трајков