Регион

Климент Охридски не е затворено, туку децата се пуштени на продолжен распуст до 7 мај за да не се шири жолтицата, велат од школото

Нема засега нови случаи на заболени од вирусот Хепатитис А во ПОУ Климент Охридски во Ново село каде е прогласена епидемија на заразна жолтица. За да не се шири болеста а во пресрет на  престојните празници како една од мерките е децата да се распуштат при што е наложено да се зголеми дезинфекцијата на сите работни простории во ова училиште. Директорот на училиштето Звонко Ангеловски информираше дека училиштето не е затворено туку децата се пуштени на продолжен распуст до 7 мај што се совпаѓа со престојните велигденски и првомајски празници

Доктор Лилјана Манинска вели дека последниве години на ниво на држава на појава на хепатитис А е многу ретка и изолирана.

Препорачуваме:

Oпштина Василево поставува атмосферска канализација за да се спречат поплавите во Градашорци

СВР Струмица: Физички напади во Василево, Ново Село и Ораовица

За три месеци – локализирани 29 пожари во регионот

Сузана Мицева