Свет

Лавров: Пробите на Пјонгјанг да не бидат изговор за САД

Ситуацијата со Северна Кореја не треба да и служи на Америка како изговор за поставување ракети во регионот, рече рускиот дипломат Сергеј Лавров.

Тој наведе дека и Пјонгјанг треба да ги слуша Советот за безбедност и Обединетите нации и да се врати на преговарачка маса.

Сергеј Лавров се состана со кинескиот министер за надворешни рабори Ванг Ји во Москва, а тие двајцата пред се разговараа за нуклеарните закани на Северна Кореја.

„Очекувам Северна Кореја да направи одговорни заклучоци, да ги слуша Обединетите нации и и да се врати напреговарачка маса“, рече Лавров.

Препорачуваме:

Ако Србија не воведе санкции против Русија, може да ги загуби парите од ЕУ фондовите

Сузана Мицева

Путин: Сите руски вакцини против коронавирус се ефикасни

Сузана Мицева

Силен земјотрес ја погоди Грција