Спорт

Тренчовски – Подготвени сме за изненадувања во Виареџо !

Фудбалерите од ,,Академија Пандев,, заминаа во Италија каде за првпат ќе учествуваат на реномираниот турнир ,,Виареџо,,. Тие во првата фаза ќе се сретнат со младинските состави на ,,Интер,, и ,,Специа,, од Италија и ,,Апи,,а од Австралија. Стратегот на младите,, пандевци,, Југослав Тренчовски очекува пласман во втората фаза што ке биде огромен успех за Академијата но и привлекување на вниманието на фудбалските менаџери за некои од играчите шти ги има. 

akademija download

,,Оптимист сум за пласман во втората фаза. Интер е фаворит но не значи дека предвреме ќе се откажеме. Кај играчите има желба за докажување и надмудрување со поранешниот тим на Горан а сега и на Јани Атанасов. Шансата за пласман вториот круг ќе ја барамесо австралискиот состав Апиа а секако и со Специа. Контролките што ги одигравме ни даваат надеж. Сето тоа треба сега само да го потврдиме. За нас најдобра сатисфакција ке биде, доколку после тој турнир одредени менаџери се јавата и прашат за 3-4 играчи на Академијата а такви деца имаме во тимот кои ќе блеснат во Виареџо,, истакна Тренчовски

Натпреварот со Интер се игра в понеделник во 15 часот и од истиот ќе биде емитуван директен Тв пренос на каналот RaiSport 2. „Академија Пандев“ на 16 март во 14,30 часот игра против тимот на ФК „Апиа“ од Австралија а на 19 март во 15 часот против тимот на ФК „Специа“ На предлог на градоначалникот Зоран Заев, општина Струмица обезбеди финансиска поддршка од 500. 000 денари за реализација на овој проект.

Препорачуваме:

Македонските фудбалери против Ерменија на 17 октомври во Струмица

Ѓ. K.

Битолски Пелистер им одржаа лекција на Виктори волеј, славеа максимална победа во Партизан Струмица

Наковски Волеј подобри од штипските студентки, во Струмица падна УГД